Американските здравствени власти предвидуваат „најлоша есен што сме ја виделе“ поради коронавирусот

Од:

Директорот на Националниот центар за контрола и спречување заразни болести, д-р Роберт Редфилд, изјави дека САД се во војна против коронавирусот и апелираше до Американците заедно да одат во војна против таа болест.

– Барам едноставна работа од вас: носете маски, држете физичко растојание, мијте ги рацете и бидете мудри на јавни места. Не барам индивидуални Американци да го сторат тоа, но апелирам до сите нас да се однесуваат така…Ова е една од оние интервенции кога 95 отсто до 99 отсто од луѓето треба да го сторат тоа за да функционира, нагласи д-р Редфилд, јави Си-Ен-Ен.

Директорот Редфилд ги повика Американците да се подготват за „тешка есен каква што не сме виделе“ и да планираат да се вакцинираат против сезонскиот грип.

– Искористете го значајниот подвиг на американската наука и примете ја сезонската вакцина против грип, затоа што тоа ќе ги заштити вашите деца, рече д-р Редфилд, додавајќи дека тој е умерено оптимист дека американската вакцина против коронавирусот ќе биде достапна на почетокот на следната година.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат