Американските санкции не влијаат врз иранските богаташи – расте бројот на милионери во земјата

Од:

Бројот на милионери во Иран, и покрај строгите американски санкции, се зголемил во текот на минатата година. Во тој период, бројот на луѓе кои управуваат со средства во вредност од над милион американски долари се зголеми за 21,6 отсто. Во меѓувреме, вкупното нето богатство на иранските милионери пораснало уште побрзо – 24,3 проценти, според проценки на Форбс.

„Обемот на тргување на берзата во Техеран се зголеми за 625 отсто во периодот од март до јули 2020 година во споредба со претходната година“, велат експертите од консултантската куќа „Капгемини“. За споредба, главниот американски индекс S&P 500 објави зголемување од нешто повеќе од 16 проценти во текот на истиот период.

Според Капгемини, има 250.000 милионери во Иран, од кои повеќето живеат во државата. Владата во Техеран помогна во зајакнувањето на берзата вбризгувајќи многу државни пари во неа. Минатиот септември, властите канализираа еден отсто од средствата на суверениот фонд на пазарот, а во јануари објавија втора транша во вредност од 25 трилиони риали или околу 595,2 милиони американски долари.

Криптовалутите станаа уште еден извор на богатство за Иранците. Евтината електрична енергија во земјата поттикнува многу луѓе да копаат по биткоин. Манијата за дигиталната валута се зголеми толку многу што иранските власти во мај воведоа четиримесечна забрана. Капгемини проценува дека околу 72 отсто од милионерите во Иран инвестирале во криптовалути. Оваа земја во моментов е на 14-то место во светот според бројот на луѓе со најмалку милион долари на сметката и прва на Блискиот исток, пред Саудиска Арабија, каде има вкупно 210.000 милионери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски