Американскиот ветеран Вајт ослободен од Иран се враќа конечно дома, Трамп се заблагодари на швајцарските власти

Од:

Американецот Мајкл Вајт, кој беше уапсен во Иран во 2018 година, е ослободен и е на пат кон дома летајќи со авион на швајцарските власти, соопшти неговото семејство.

Вајт, американски морнарски ветеран, беше ослободен од иранскиот затвор кон средината на март, но остана во Иран поради епидемијата на коронавирусот.

Тој беше пуштен на слобода веднаш откако ирански научник се врати во Иран, кој беше уапсен од американските имиграциски власти.

„Јас сум среќен да соопштам дека морнарскиот ветеран, кој беше затворен 683 дена, се наоѓа во швајцарски авион кој штотоку го напушти иранскиот воздушен простор. Го очекуваме да биде дома со неговото семејство во Америка во скоро време“, напиша Трамп на Твитер.

Претседателот на САД, се заблагодари и на швајцарските власти кои излегле во пресрет околу соработката бидејќи САД немаат воспоставено се уште билатерални односи со Иран по санкциите.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски