Американскиот Сенат донесе резолуција со која Путин се осудува како воен злосторник

Од:

Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА.

„Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабри Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина“, се наведува во соопштението.

Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА.

Минатата недела, двата дома на американскиот Конгрес го одобрија законот со кој се обезбедува помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници. Американскиот претседател Џо Бајден законот го потпиша вчера.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја