Американскиот Конгрес усвои предлог-закон со кој се одобрува дополнителна воена помош за Украина

Од:

Американскиот Конгрес го усвои предлогот на Законот за национална одбранбена политика за 2023 година, со вкупна вредност од 858 милијарди долари, врз основа на кој следната година ќе биде испратена нов пакет безбедносна помош во износ од најмалку 800 милиони долари до Украина.

Воената помош за Тајван врз основа на предложениот документ ќе биде зголемена на една милијарда долари и ќе биде испратена во следните неколку години.

Исто така, Законот ќе дозволи безбедносната помош за Тајван да се зголеми до 10 милијарди долари во следните пет години.

Повеќе средства ќе бидат наменети и за развој на хиперсонично оружје и купување на постоечки системи за оружје, вклучувајќи ги борбените авиони Ф-35 на Локхид Мартин и бродовите Џенерал Динамикс.

Предлог-законот се очекува да помине во Сенатот и во Претставничкиот дом овој месец, по што ќе биде испратен на потпис до американскиот претседател Џо Бајден за да биде формално усвоен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков