Американскиот Конгрес судски повикува уште шест соработници на Трамп

Од:

Комитетот на Долниот дом на американскиот Конгрес, кој ги истражува немирите во Капитол на 6 јануари, издаде судски покани за уште шест соработници на поранешниот претседател Доналд Трамп, кои беа тесно вклучени во неговите напори да го поништи изборниот пораз во 2020 година.

Бени Томпсон, претседател на истражниот комитет на Претставничкиот дом, во соопштение информира дека се бара сведочење и документи од поранешни функционери од кампањата на Трамп и други кои учествувале во „кризниот штаб“ пред опсадата на Капитол и во развојот на стратегија за запирање на потврдата на победата на претседателот Џозеф Бајден.

Томпсон рече судски се повикани менаџерот на кампањата на Трамп Бил Степиен, високиот советник во кампањата Џејсон Милер, националната извршна помошничка во кампањата Ангела МекКалум, адвокатот кој го советувал поранешниот претседател Џон Истман, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, кој разговарал со Трамп пред бунтот, и Бернард Керик, за кој комитетот вели дека платил за хотелски соби кои служеле како командни центри во пресрет на 6 јануари.

– Во деновите пред нападите на 6 јануари, најблиските сојузници и советници на поранешниот претседател почнаа кампања на дезинформации за изборите и планираа начини да се запре броењето на гласовите во изборниот колегиум. Истражниот комитет мора да го утврди секој детал од нивните напори за поништување на изборите, вклучително и со кого разговарале во Белата куќа и Конгресот, каква врска имале со собирите што прераснале во немири и кој платил за тоа, рече Томпсон.

Судските покани доаѓаат откако комисијата веќе побара документи и сведоштва од неколку други советници на Трамп, од кои некои соработувале, а некои одбиле.

Претставничкиот дом минатиот месец изгласа дека Стив Банон, долгогодишен политички соработник и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп, е виновен за непочитување на Конгресот, откако одбил да одговори на судскиот повик.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус