Американскиот Конгрес го одобри инфраструктурниот пакет на Бајден, вреден 1,2 трилиона долари

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ноќеска го одобри инфраструктурниот пакет за развој на земјата во вредност од 1,2 трилиона долари, јави ДПА.

-Гласањето на двете партии во сооднос 228 наспроти 206 „ќе создаде милиони работни места, ќе ја претвори климатската криза во можност и ќе не стави на пат да победиме во економскиот натпревар за 21 век, рече претседателот Џо Бајден во изјавата.

„Тој ќе создаде добро платени работни места што не можат да се заменат. Работни места што ќе го трансформираат нашиот транспортен систем со најзначајните инвестиции во патничките и товарните железници, патиштата, мостовите, пристаништата, аеродромите и јавниот транспорт со генерации“, додаде тој, пренесе ДПА.

Иницијативата во август беше одобрена од Сенатот на Конгресот, па сега планот доаѓа на масата на претседателот Бајден, кој се очекува да го потпише.

Пакетот, договорен од Белата куќа и двопартиска група сенатори, вклучува, меѓудругото, распределба на федерални средства за развој на инфраструктурата од 550 милијарди американски долари во текот на пет години.

Пред гласањето, американскиот лидер го повика Конгресот да го одобри планот. Според Белата куќа, Бајден синоќа телефонски разговарал со конгресмени, објаснувајќи им ја важноста на иницијативата. Претставниците на прогресивното крило на Демократската партија во Долниот дом на Конгресот не сакаа до крај да го поддржат овој предлог-закон, но по повеќечасовни консултации со претседателот се согласија да го одобрат.

Вкупниот износ на одобрениот план изнесува 1,2 трилиона долари. Конкретно, проектот предвидува 110 милијарди долари за мостови и патишта и 11 милијарди долари за безбедност на транспортот. Планирано е да се потрошат уште 39 милијарди долари за модернизирање на јавниот транспорт, а 42 милијарди долари за пристаниште и аеродромска инфраструктура. Потоа 55 милијарди долари ќе одат за системот за вода за пиење, а со него се обезбедуваат и 65 милијарди долари брз интернет на населението, 73 милијарди долари се планира да се инвестираат во транспортот на чиста енергија.

Би можело да ве интересира

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп

Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри финансиска помош за Украина и Газа

Горан Наумовски

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа