Американскиот епидемиолог Фаучи ќе добие обезбедување, има смртни закани поради пандемијата

Од:

Водечкиот американски епидемиолог, доктор Ентони Фаучи соопшти дека добил смртни закани поради работата што ја извршува во врска со пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за закани, прецизира Фаучи, кои биле упатени кон него, но и неговото семејство и малтретирање на неговите ќерки, поради што, додаде тој, ќе мора да ангажира обезбедување.

– Тоа е неверојатно, посакувам да не мораа да поминуваат низ тоа, рече Фаучи, член на оперативната група за коронавирусот на Белата куќа.

Фаучи, кој беше во центарот на интересот на јавноста за време на пандемијата, имаше бројни јавни несогласувања со американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност