Американскиот амбасадор во Турција повикан на разговор поради резолуцијата на Сенатот за геноцидот врз Ерменците

Од:

Турското Mинистерство за надворешни работи денеска го повика на разговор американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд поради вчера усвоената резолуција од страна на Сенатот на САД, според која масовното убиство на Ерменците од страна на Османлиите пред еден век претставува геноцид.

Анкара го оцени тој потег за неважечки и ги обвини американските пратеници за политизирање на историјата.

Резолуцијата е предлог на демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и републиканскиот сенатор Тед Круз од Тексас и со неа се потврдува дека геноцидот навистина се случил и Турција е одговорна за истиот. Таа веќе трипати беше одбиена на барање на Белата куќа, но вчера беше едногласно одобрена.

Турција со години лобира против американското признавање на геноцидот над Ерменците.

Арам Хампаријан, извршниот директор на Ерменскиот национален комитет во САД, турското повеќедецениско спротивставување на Резолуцијата го оцени како „најдолгото вето на американската надворешна политика“.

Според историчарите речиси милион и пол Ерменци се убиени во периодот од 1915 до 1917 година и го оценуваат за првиот геноцид во 20 век. Турција ја оспорува таквата квалификација тврдејќи дека цифрата на убиени е преувеличена, а убиените се всушност жртви на граѓанската војна.

Би можело да ве интересира

Расте недовербата во анти-ковид вакцината, се повеќе Американци не сакаат да се вакцинираат

Горјан Грнчаровски

Русија: Не сме ѝ понудиле на Америка соработка околу вакцината за Ковид-19

А1он

Турскиот брод останува во водите меѓу Родос и Крит, Грција се жали кај САД и ЕУ

А1он

Училиштата во Њујорк и Вашингтон се одлучија за онлајн настава

А1он

Ердоган: Оној што ќе го нападне турскиот брод ќе плати висока цена

А1он

ВИДЕО: Маж спасен во последна секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

А1он