Американски приватни компании ги евакуираат вработените од ирачката воена база во Балад

Од:

Американските приватни компании, кои работат за ирачката Влада во секторот на одбраната, ги евакуираа своите вработени од воено-воздухопловната база во Балад, северно од Багдад, кон ирачката престолнина, заради влошувањето на безбедносната ситуација, пренесе ИТАР-ТАСС.

Претставник на американското Министерство за одбрана прецизира дека стотина американски вработени се евакуирани од базата во Балад кон Багдад. Тој посочи дека американската Влада не учествува во оваа евакуација, што се изведува со летови на  соодветни компании.

Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, изјави дека нема измени во статусот на службениците во Амбасадата и конзулатот на САД во Ирак, демантирајќи ги информациите дека американските дипломатски мисии во оваа земја ќе бидат евакуирани.

Џихадистичките бунтовници, кои ја презедоа контролата врз големи региони во северозападниот дел на Ирак, вклучувајќи го и вториот по големина град Мосул и градот Тикрит, ги зазедоа и населбите Џалавија и Саадија во провинцијата Диала, североисточно од Багдад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски