Повеќенаменскиот нуклеарен носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“ на американските воено-поморски сили на чело со поморска стратешка група пристигна во источниот дел на Средоземното Море и се наоѓа во непосредна близина на бреговите на Сирија, јавија британските медиуми.
На 1 декември носачот на авиони минал преку Суецкиот канал и навлегол во Средоземното Море, каде наишол на силна бура.
Бродот синоќа стигнал во бизина на сириските територијални води. На него има 70 авиони-ловци, а вкупниот број на екипажот, составен од морнари, пилоти и маринци изнесува осум илјади.
Речиси две недели покрај бреговите на Сирија се наоѓа и американски десантен хеликоптер.
Во моментов во источните делови на Средоземното Море поморската стратешка група има 17 бродови, меѓу кои еден крстосувач и десет фрегати и миноносци. На четири од бродовите има мултинационални системи за противракетна одбтрана Иџис.
Со пристигнувањето на „Двајат Ајзенхауер“ во непосредна бизина на Сирија веќе има десет илјади америикански војници.