Американски научници предвидуваат дека 2020 може да биде најтопла година досега

Од:

Научниците од американската Национална управа за океаните и атмосферата објавија дека има 75 проценти можност 2020 да биде најтопла година во историјата од кога се вршат мерења.

Тие наведуваат дека првите три месеци од годинава биле потопли само во 2016 година, кога е забележано силно влијание на Ел Нињо, кој го загрева Пацификот и влијае на просечните температури на воздухот во светот.

Според научниците овогодинешното загревање е невообичаено, а најверојатно е последица на долгогодишните емисии на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина по согорување на фосилните горива.

Научниците истакнуваат дека дури и да не биде најтопла година, тогаш сигурно ќе биде помеѓу петте најтопли досега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД успешно ја тестираа балистичката ракета Tридент II

Ана Ололовска

ВИДЕО: Американската администрација најави забрзано протерувањена на мигрантите од Тексас

Ана Ололовска

Американскиот милионер Роберт Дурст е осуден за убиство

Мери Јордановска

Случај со киднапирано дете решен после 14 години, мајката и ќерката конечно се гушнаа

Мери Јордановска

Вашингтон пост: САД ќе донираат милиони вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“

А1он

Националната гарда ќе и помага на полицијата на протестот во Вашингтон

А1он