Американски и француски дипломати доаѓаат во Москва, ќе бараат увид во договорот за Нагорно-Карабах

Од:

Дипломати на САД и Франција утре пристигнуваат во Москва за да дознаат повеќе детали околу склучениот договор за Нагорно-Карабах, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Како гаранти на овој договор, Русија и Турција досега не испратија конкретни детали околу тоа во што се состои самиот договор за прекин на огнот. САД и Франција претходно побараа да бидат директно брифирани во врска со деталите. Французите сметаат дека има неопределености околу условите за прекин на огнот.

Во одговор на ова, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека му било чудно да слушне такви изјави од САД бидејќи деталите околу договорот веќе биле испратени по дипломатски канали.

Во врска со барањето на Франција, Лавров истакна дека во изминатите десет денови претседателите на Русија и Франција двапати разговарале на оваа тема „најдетално“. Исто така, разговори за ова имало и меѓу него и неговиот француски колега.

Рускиот претседател Владимир Путин денсека изјави дека Американците и Французите „не треба да ги дуваат усните“ затоа што договорот бил склучен без нив. Тој високо ја оцени нивната заинтересираност и учество во претходните напори за изнаоѓање решение.

Путин истакна дека се работи за судбината на милиони луѓе. А минатата недела тој откри дека во воениот конфликт за територијалниот спор околу Карабах меѓу Ерменија и Азеребејџан, што започна во септември, загинале вкупно околу 4.000 лица.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он