Американската престолнина во доцните ноќни часови ќе биде управувана од „ноќен цар“

Од:

Администрацијата на Вашингтон наскоро ќе вработи заменик на градоначалникот задолжен за ноќниот живот на американската престолнина, објави весникот „Вашингтон пост“.

Како што е наведено во конкурост за вработување, канцеларијата на заменикот-градоначалник за ноќен живот ќе биде одговорна за случувањата во градот во вечерните и ноќните часови. А тоа се постојаните поплаки за бучава, криминал, чистење на улици, сообраќајни гужви, пријави за појава на стаорци, надгледување на работата на илјадниците барови и ресторани и други активности.

Град како Вашингтон живее активно и во ноќните часови. Ноќниот живот на градот, посебно угостителството, е еден од поважните сегменти на економијата на градот, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Угостителскиот сервис во Вашингтон во 2017 генерерирал 3.8 милијарди долари приходи и вработува околу 9 отсто од вработените во градот.

Според Националната асоцијација на ресторани, во следните десет години се очекува тој број да порасне за шест отсто.

Линдзи Паркер, заменик на раководителот на администрацијата на Вашингтон, изјави за весникот дека во 2006 во градот имало 1.729 ресторани и барови, додека во 2016 тој број се зголемил до 2.300.

Според неа, бројот на местата каде во градот се точи алкохол во последните десет години се зголемил за 50 отсто. На некои улици во Вашингтон понекогаш се случуваат блокирање на сообраќајот во доцните ноќни часови поради повик на таксисти од страна на алкохолизирани посетители на баровите и овој проблем ќе биде надгледуван од заменик градоначалникот за ноќен живот.

Официјалниот назив на функцијата која ќе се занимава со управување на градот во вечерните и ноќни часови се нарекува раководител за ноќен живот и култура.

Ваква функција веќе имаат воведено неколку мегаполиси како Њујорк, Лондон или Орландо, но и помали градови како Ајова сити. Назначените на оваа функција печатот обично ги нарекува „ноќен градоначалник“, „ноќен цар“ или „ноќен менаџер“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски