Американската морнарица бара изградба на 355 бродови

Од:

Американската морнарица предложила изградба на 355 бродови, што е најголемиот број нови пловни објекти од завршувањето на Студената војна, и сето тоа како одговор на заканите од Русија и Кина, пренесуваат американските медиуми.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, во текот на претседателската кампања предлагаше да се обезбеди поголем број бродови, што претставува поттик за бродоградбата која се соочува со ограничен буџет.

Работниците сакаат да градат бродови, но не знааат од каде ќе дојдат потребните милијарди долари.

-Дали Конгресот и Владата ќе ги најдат тие пари, тоа е се пинг-понг игра, изјави претседателот на најголемиот синдикат на бродоградители и додаде дека Русија и Кина продолжуваат да ја надградуваат својата морнарица.

Изградбата на 355 бродови за морнарицата може да чини дополнителни пет до 5,5 милијарди долари.

Аналитичарите се согласуваат дека воените способности се деградирани во претходните неколку години, особено кога станува збор за воените бродови, тенкови и авиони.

Тие оценуваат дека е важно да се најде начин за зголемување и унапредување на морнаричката бродоградба, но на фискално одговорен начин.

Американската морнарица во моментов располага со 274 распоредени борбени воени бродови, далеку помалку од претходните 308.

Морнарицта побара дополнителни 47 бродови, вклучувајќи и носач на авиони, 16 долги воени бродови и 18 напаѓачки подморници, бродови за поддршка, а во образложението наведоа дека таа дополнителна флота е важна за националната безбедност на САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски