Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека поради прераното појавување на грипот, ќе пушти одредени дози на лекови за грип на рецепт од Стратешките национални залихи во државите чии жители сè уште ги полнат лекарските ординации низ земјата.

Локалните медиуми јавија дека луѓето кои сакале да земаат лекови без рецепт поради зголемениот број на заболени од грип, наишле на празни полици во аптеките, додека во продавниците низ земјава е пројавен недостиг, особено на лекови за деца.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) проценуваат дека грипот досега оваа сезона довел до 150.000 хоспитализации и 9.300 смртни случаи.

– Државите ќе можат да ја добијат потребната поддршка во случај на големо зголемување на случаите на грип, рече Даун О’Конел, помошник секретар во Одделот за здравство и човечки услуги, кој го надгледува ЦДЦ.

Администрацијата не открива колку дози ќе бидат достапни, но минатата недела федералната агенција откри дека ќе им дозволи на државите да користат државни залихи на Тамифлу, кој може да се препише за лекување на грип и кај бебиња постари од две недели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела