Американска компанија извезува лекови на база на марихуана во Израел

Од:

Компанијата „Ултра Хелт“ од американската сојузна држава Нов Мексико почна да извезува лекови на база на марихуана во Израел.

Претставничката на компанијата Мариса Новел неодамна изјави дека на почетокот на месецот почна извозот на лекови преку партнерската фармацевтска компанија „Панаксаи“.

Лековите се направени од канабис одгледуван во областа Берналило, а компанијата „Ултра Хелт“ се смета за пионер во извозот на медицинска марихуана во Израел.

Првиот човек на компанијата, Дјук Родригез изјави дека властите во Нов Мексико „одиграле клучна улога во воспоставувањето деловна соработка со Израел“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски