Американец поради отказ убил двајца и се самоубил

Од:

Вработен во aмериканската компанија УПС, кој претходно добил отказ, вчера уби двајца супервизори, а потоа се самоуби во седиштето на фирмата во градот Бирмингем во сојузната држава Алабама.

Убиецот за време на нападот носел униформа на УПС, иако бил отпуштен од работа претходниот ден, соопшти полицијата.

Полицијата во канцелариите на УПС во близина на бирмингенскиот аеродром, ги пронашла телата на двајцата вработени и на напаѓачот, кој се самоубил со огнено оружје.

За време на инцидентот во зградата на УПС имало уште најмалку десет други вработени, но никој од нив не е повреден.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени