Американец освои џекпот на лотарија од 540 милиони долари

Од:

Засега непознат Американец викендов на игра на среќа доби џекпот во износ од 540 милиони американски долари.

Добитното ливче со броевите 8, 19, 20, 55 и 73 е уплатено во американската сојузна држава Индијана.

Играта „Мега Милион“ се организира во 44 американски сојузни држави, во главниот град Вашингтон и на Американските Девствени Острови, а шансата за освојување на џекпотот била 1 на 259 милиони.

Анонимниот добитник ќе може да ја добие целата сума на џекпотот од 540 милиони долари доколу прифати нејзина исплата на рати во следните 30 години. Доколку пак сака исплата на добивката одеднаш, тогаш ќе добие „само“ 380 милиони долари.   

Ова е седма најголема освоена сума на џекпот во историјата на американската лотарија. Рекордниот џекпот од 656 милиони долари беше освоен во декември 2012 година.

Би можело да ве интересира

Во американската игра на среќа беше извлечена награда од 1,13 милијарди долари

На лотарија освои 842 милиони долари

Инстант лозот„УРБАН СТИЛ “ на Државна лотарија израдува тројца нови добитници од Штип, Битола и Скопје

Предраг Петровиќ

Државна лотарија отвори своја нова веб-страница за игра – megawin.mk и отпочна со мега наградна игра и подароци за секого

Горан Наумовски

Првиот автомобил од инстант лозот 7 Х 7 го доделивме во Прилеп

Предраг Петровиќ

Пензионерка од Сплит добитник на Еуроџекпотот, среќата и се насмевнала по 10 години игра

Предраг Петровиќ