Американец осуден во Русија на 15 години ригорозна затворска казна за шпионажа

Од:

Московскиот градски суд го осуди Американецот со руско потекло, Јуџин Спектор, обвинет за шпионажа, на 15 години затвор, а казната ќе ја отслужи во колонија со максимална безбедност, се наведува во пресудата.

Судот ја потврди и казната од 120.000 евра изречена со претходната пресуда.

Нему му беше одреден притвор во средината на август, а деталите за случајот во судот не беа соопштени поради доверливост.

Во јуни 2021 година, Судот Остакински во Москва го осуди Спектор на четири години во колонија со максимална безбедност за посредување при поткуп во особено големи размери.

Откако таа казна беше укината по жалба, тој доби три и пол години затвор во новото судење во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Торецк е под контрола на Русите

Русија спречи напад на Украина во областа Курск

Русите ја преминаа границата кај Доњецк

Руски полковник падна од прозорец и почина, само два дена подоцна падна уште еден

ФСБ: Уапсени уште двајца членови на исламистичката група Хизб ут Тахрир на Крим

Падна од прозорец и почина рускиот пејач кој ја критикуваше војната на Путин

А1он