Американците во небрано – тврдат дека Салман нарачал да се убие новинарот Кашоги, а не презеле ништо против саудискиот принц

Од:

Истражителката за човековите права на ОН, Агнес Каламар, денеска изјави дека е „крајно опасно за САД де факто владетелот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, да го посочат за лицето кое ја наредило операцијата на фаќање или убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги, а притоа да не презеле никакви мерки против него“.

Каламар, специјален известувач за егзекуции по кратка постапка, која ја водеше истрагата на ОН за убиството на Кашоги во 2018 година, на прес-конференција во Жeнева денеска кажа дека „е исклучително проблематично, ако не и опасно, да се утврди нечија вина и потоа да му се каже дека не се презема ништо против него, ве молиме продолжете како да не сме ви кажале ништо“, пренесуваат британските медиуми.

– Тоа за мене е крајно опасен потег на САД, рече таа, повторувајќи го својот апел од петокот за воведување санкции насочени кон имотот на Мохамед бин Салман.

На изјавата на Калман реагираше Белата Куќа.

– САД го задржуваат правото, доколку е потребно, во иднина да го санкционираат саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман за неговата поврзаност со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги – изјави портпаролката на американскиот претседател, Џен Псаки.

– Секако дека го задржуваме правото да преземеме какви било активности во време и на начин што ќе го избереме – рече Псаки на редовниот брифинг во Белата куќа.

Таа додаде дека, историски гледано, САД под раководството и на демократските и на републиканските претседатели генерално не ги санкционирале лидерите на земјите со кои имаат дипломатски односи.

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата изјави дека неговата администрација во понеделник ќе лиферува изјава за Саудиска Арабија, по извештајот на американските разузнавачки служби со кој се утврдува дека престолонаследникот Бин Салман го одобрил убиството на Кашоги, откако беше декласифициран извештај на американското разузнавање, кој упатува на тоа дека саудискиот владетел го одобрил, а можеби и го нарачал убиството на новинарот.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност