Резултатите од најновата анкета која што ја објави американски „Вашингтон пост“ и „АВС њуз“, покажуваат дека поголем дел од Американците сметаат дека Барак Обама е неуспешен претседател на САД.
-Околу 52 проценти од испитаниците сметаат дека претседателскиот мандат на Обама е неуспешен, а 45 проценти мислат спротивно- пишува дневникот, во кој стои дека Обама е оценет лошо поради нерешавање на меѓународните прашања и имиграција.
Анкетата која што ги опфати членовите на Демократската и Републиканската партија, покажа дека јавноста смета дека претседателот на САД премногу претпазливо им пристапува на меѓународните прашања.
Е. Г.