Американците испратија воена опрема од 200 милиони долари во Украина, велат дека ова е само прва пратка

Од:

Првата пратка од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти денеска американската амбасада.

Испораката дојде по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници за десетиците илјади руски војници на украинската граница. Русија негира дека планира нова воена офанзива.

Пакетот помош од 200 милиони американски долари беше одобрен од Вашингтон во декември. „САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош за поддршка на украинските вооружени сили во нивните тековни напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од руската агресија“, пишува на Фејсбук.

Во соопштението се наведува дека пратката содржи „смртоносна безбедносна помош и муниција наменета за украинските бранители“. Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.

„Како што претседателот Бајден му рече на претседателот Путин, во случај на руска инвазија на Украина, Америка ќе и пружи помош на Украина и ќе и испрати уште поголема помош“, се вели во соопштението на американската амбасада во Киев.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Белата куќа се противи на палестинската државност