Америка ќе ги казнува компаниите превозници на венецуелска нафта

Од:

САД воведоа санкции против четири компании што работат во нафтениот сектор на венецуелската економија, соопшти државниот секретар, Мајк Помпео.

Според него, тие компании работат на транспорт на нафта украдена од народот на Венецуела.

-Кражба на нафтени активи на Венецуела во интерес на незаконскиот режим на Николас Мадуро е неразумно поведение, и оние што се вклучени ризикуваат да бидат отсечени од финансискиот систем на САД, истакна Помпео.

Тој додаде дека „корумпираниот режим на Мадуро е директно одговорен за политичката, економската и хуманитарната криза во Венецуела“.

-Меѓународната заедница треба да го засили притисокот врз режимот на Мадуро, додека не се откаже од своите незаконски претензии за власт. САД продолжуваат да го засилуваат притисокот врз него и неговите помошници, додека не се започне со демократска транзиција, подвлече американскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама