Америка ги смени препораките: Ковид-19 се пренесува и преку воздух, вирусот патува подалеку од два метра

Од:

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска објави дека според анализите на неговите научници, Ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот и дека вирусот може да премине растојание од преку два метра.

Претходно, ЦДЦ, како и Светската здравствена организација, во своите препораки наведуваше дека вирусот главно се пренесува од човек на човек преку респираторни капки кога болно лице кашла или зборува.

Ажурираните упатства за борба против Ковид-19, објавени на веб-страницата на агенцијата, исто така препорачуваат луѓето да користат прочистувачи на воздухот за да го намалат внесот на микробите во затворени простории и со тоа да избегнат ширење на болеста.

Вирусите што се пренесуваат преку воздухот се најзаразни, а ЦДЦ предупредува на зголемен ризик од ширење на болеста во области што не можат да бидат добро проветрени.

Истражувањата покажаа дека новиот коронавирус може да се шири преку аеросолните честички во воздухот, а Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги следи „доказите“ за можна трансмисија на болести преку воздух.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат