Амбасадорот на САД во Белград: Со Европрајд, Србија ќе ја зајакне посветеноста на заштитата на правата на ЛГБТ лицата

Од:

Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, рече дека како домаќин на Европрајд, Србија ќе ја зајакне својата посветеност за заштита на основните права на сите граѓани, вклучително и ЛГБТИ+ заедницата.

„Како и многу земји, Србија постигна голем напредок во заштитата на основните права на сите граѓани, вклучително и ЛГБТИ+ заедницата. Со безбедното домаќинство на Европрајд во Белград, Србија ќе ја зајакне оваа посветеност“, објави американската амбасада во Белград на Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред два дена изјави дека Парадата на гордоста (Европрајд), закажана за септември, ќе биде откажана или одложена поради различни кризи во земјата, особено ситуацијата во Косово.

Непосредно пред откажувањето, односно одложувањето на „Прајд“, американскиот амбасадор го најави своето доаѓање.

„Сигурно, ќе ме видите како правам други работи како знак на солидарност со Европа. Затоа сум сигурен дека ќе ме видите таму во одредено својство“, изјави Кристофер Хил.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски