Амбасадорот на Авганистан во ОН одби да се обрати пред светските лидери

Од:

Амбасадорот на Авганистан во Обединетите нации се откажа од обраќањето пред светските лидери на Генералното собрание, изјави портпаролот на ОН.

Гулам Исакаи, кој ја претставуваше својата земја под претседателство на Ашраф Гани, кој беше соборен минатиот месец, требаше да им се спротивстави на талибанците со говор, но неговото име денеска беше отстрането од списокот на говорници.

– Земјата го повлекува своето учество во општата дебата, изјави Моника Грели, портпаролка на претседателот на собранието. Таа додаде дека мисијата на Авганистан во ОН не ја кажала причината за повлекувањето.

Талибанците минатата недела напишаа писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, барајќи да му се дозволи учество на „новиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки“. Во писмото се наведува дека Исакаи „повеќе не го претставува“ Авганистан во светската организација и се додава дека талибанците го номинирале својот портпарол од Доха Сухаил Шахин за постојан претставник на Авганистан во Обединетите нации.

Документот пристигнал откако Гутереш добил посебно писмо од Исакаи на 15 септември, во кое е наведена авганистанската делегација за седницата. Во тоа писмо, Исакаи бил именуван како постојан претставник на Авганистан.

ОН се уште го смета Исакаи за шеф на авганистанската мисија.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата