Амбасадорите во Москва од држави постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Велика Британија, Франција и на Кина нема да заминат на брифинг во руското МНР заради случајот Скрипал, јави Тасс.
Шефот на делегацијата на Европската унија исто така нема да присуствува на средбата на која ќе биде изложена руската гледна точка за склучајот Скрипал.
Амбасадата на Британија ќе биде претставена од службеник на „оперативно ниво“, а делегацијата на ЕУ од вториот човек Свен Олаф Карлсон.
Руското МНР ги покани странските амбасадори на брифинг на кој ќе учествуваат експерти за контрола на оружје. Целта беше да се разгледаат британските тврдења дека Русија е одговорна за труењето на Скрипал, за кое Москва негира дека има каква било вмешаност.
– Неучеството на британскиот амбасадор на средбата покажува дека државата не сака да ги слушне одговорите на Русија на нејзините прашања, изјави Дммитриј Песков, портпарол на Кремљ.