Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија

Од:

Испраќањето на британските хеликоптери во Естонија и приказната за „одвраќање на Русија” е уште една намерна провокација, соопшти синоќа руската амбасада во Лондон.

-Ние внимателно го следиме активното учество на Велика Британија во програмата на НАТО за воено присуство во Источна Европа. Наше мислење е дека поставувањето на нови хеликоптери во Естонија и приказната за „одвраќање на Русија” е уште една намерна провокација. Таквите потези се доказ дека Лондон планира темата „агресивна” Русија да ја одржува во живот за да оствари свои интереси. За тоа се користат сите можни инструменти, а НАТО не е исклучок, се наведува во соопштението на Амбасадата на Русија во Лондон.

Велика Британија најави на 15 април испраќање на пет нови „апачи” хеликоптери во Естонија, во рамки на програмата на НАТО, чија цел е зајакнување на военото присуство долж руската граница.

Британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон изјави дека официјален Лондон, Русија ја гледа како закана.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски