Алтмаер: ЕУ да разговара за потенцијално одложување на Брегзит

Од:

Германскиот министер за економија Петер Алтмаер денеска изјави дека Европска унија треба „конструктивно“ да разговара за потенцијално одложување на британското излегување од Унијата и наведе дека тој нема да поставува никакви „вештачки“ ограничувања.

– Итно ни е потребна јасност, брзо ни треба јасност, но ние нема тоа да го правиме како што секогаш ги критикуваме нашите британски пријатели и партнери од високоморално гледиште, туку само ако дојдеме до разумно решение, рече Алтмаер, близок сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел.

Британскиот Парламент вчера отфрли излез од Европската унија без договор и денеска треба да гласа за одложување на рокот за излез на Британија од Унијата, првично планиран за 29 март.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени