Алтернатива за Германија парично казнета поради нелегална донација

Од:

Германскиот парламент ја казни ултра десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) со повеќе од 400.000 евра бидејќи за време на предизборната кампања прифатила нелегална донација.

Во соопштението на Бундестагот се наведува дека двајца високи претставници на АфД добиле бесплатно огласување од фирма за односи со јавност со седиште во Швајцарија пред регионалните избори во 2016 и во 2017 година.

Во образложението се наведува дека Јерг Мојтен и Гвидо Раил од раководството на АфД и кандидати за Европски парламент не требаа да прифатат такво огласување бидејќи фирмата „Гоал АГ“ не била наведена како донатор во тоа време.

АфД соопшти дека планира да ја оспори казната пред суд, истакнувајќи оти одлуката на Бундестагот е „политички мотивирана“.

АфД може да се соочи и со дополнителни парични казни поради донација исто така од Швајцарија што ја примича Алис Вајдел во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Германија, железничкиот сообраќај во прекин

Татјана Ташкова

Орбан и Меркел одбелажаа 30 години од падот на Железната завеса

Џонсон: Ќе бидеме подготвени за напуштање на ЕУ со или без договор

Германија ја интензивира борбата против екстремната десница

Ана Ололовска

Бундесбанк: Германската економија ќе влезе во рецесија во третиот квартал

Ана Ололовска

Германски суд го одби барањето на девојче да пее во машки хор