Алтернатива за Германија означена како потенцијално екстремистичка партија

Од:

Германската Федерална канцеларија за заштита на уставниот поредок ја стави партијата Алтернатива за Германија (АфД) на листата на потенцијално екстремни десничарски партии, со што се дозволува набљудување на АфД со разузнавачки методи.

Директорот на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок, Томас Халденванг денеска ги информира раководителите на покраинските ограноци на Канцеларијата за одлуката за АфД. Одлуката не е официјално соопштена бидејќи пред Управниот суд во Келн се води процес против АфД, со кој партијата сака да го спречи ставањето на листата на потенцијално десно радикални партии.

Ставањето на партија на листата на потенцијални екстремистички партии овозможува инфилтрирање на информатори во самата партија и нејзино интензивно следење.

Лидерот на АфД, Тино Чрупала одлуката на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок ја оцени како скандалозна.

– Иако одлуката се уште не е официјална Канцеларија, со информирање преку медиумите, влијае на конкуренцијата помеѓу политичките партии, истакна Чрупала.

Канцеларијата за заштита на уставниот поредок веќе го стави подмладокот на АфД на листата на потенцијални екстремистички партии.

Во АфД подолго време се води борба помеѓу поумереното и екстремно крило на партијата, предводено од Бјорн Хоке.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим