Алиев: Турција не учествува во конфликтот околу Нагорно-Карабах – нема потреба

Од:

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев денеска демантираше дека Турција учествува во судирот во Нагорно-Карабах.

– Турција не е дел од судирот и не учествува во него, нема потреба, изјави Алијев во интервју за руска телевизија, додавајќи дека Турција има само „улога на стабилизатор“ во регионот.

– Турција е наша братска нација и наш сојузник. Таа само ни пружа морална поддршка и ние и сме благодарни на Анкара за солидарноста. Турција не учествува во овој судир ниту во една друга смисла, посочи Алиев.

Азербејџанскиот претседател го оцени како провокација тврдењето на Ерменија дека Турција учествува во конфликтот.

– Тоа се лажни вести. Не постои ниту еден доказ дека Турција учествува во судирот и нема потреба за тоа. Азербејџан е доволно подготвен да го заштити својот народ и територија, истакна Алиев.

Претходно, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека турски авион ловец Ф-16 соборил ерменски авион Су-25 во воздушниот простор на Ерменија, при што загинал пилотот.

Според ерменското Министерство за одбрана, турскиот Ф-16 навлегол 60 километри во воздушниот простор на Ерменија, а во исто време на небото дејствувала ерменската авијација, но турскиот авион успеал да собори ерменско летало.

Но, веста за соборување на ерменски воен авион од страна на турски ловец Ф-16 ја демантираа портпаролот на турскиот претседател и и азербејџанското Министерство за одбрана.

Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалира минатата недела, а Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за отпочнување на последните непријателства.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Силен земјотрес ја погоди Турција

Ерменија: Не сакаме во НАТО

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски