Алербергер: Една третина од Австријците се заразиле со Ковид-19

Од:

Директорот на Агецијата за здравство и безбедност на храната (АГЕС), Франц Алербергер изјави дека 30 проценти од населението во Австрија било заразено со Ковид-19.

Тој своите тврдења ги заснова на податоците од студијата спроведена во Ишгл, каде пред една година беше главното жариште на Ковид-19 во Австрија.

– Според податоците од студијата може да се дојде до заклучок дека нешто повече од три милиони Австријци се инфицирале со Ковид-19, посочи Алербергер.

Податоците за бројот на инфицирани лица е важно за ппостигнување на колективен имунитет, за што е потребно најмалку од 50 до 60 проценти од населението да се стекне со имунитет, што би овозможило нормален живот.

Вакцинацијата во Австрија побавно се спроведува од планираното, а една од причините се и проблемите во испораката на вакцините.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче