Алепо е во центарот на вниманието на сириските воени сили

Од:

Владините сили ги гранатираа регионите кои ги држат бунтовниците во вториот по големина град на Сирија Алепо, велат набљудувачите. Опозицијата предупреди дека 18-месечниот конфликт достигна највисока точка.

Силни експлозии од бомбардирањето беа слушани во северниот дел од градот, пишува дописникот на АФП.

Сириските набљудувачи за човекови права, кои ги резимираат информациите од мрежата на активисти на теренот,велат дека артилеријата била насочена кон областите Катерги, Шаар, Шакур, Ханано, Аркуб и Марџех.

Низ покраината Алепо, Ал-Баб и неколку други градови, беа ракетирани и бомбардирани со судири меѓу владините сили и бунтовничките борци, велат тие.

Британската мониторинг група рече дека безбедносните сили извршиле бран апсења и рации во Хара, во јужната провинција Дара, каде што борбите се префрлија во Даел, соседното село.

Според Сириската Револуционерна Генерална Комисија, режимските сили запалиле и ограбиле куќи во селото Хеит во провинцијата Дара.

Во петокот, кога набљудувачите изјавија дека вкупно 142 луѓе, претежно цивили, беа убиени во насилствата низ Сирија, војниците поддржани од хеликоптери се судрија со бунтовниците во близина на касарната во Ханано во Алепо.

На друго место во провинцијата, борби се водат во близина на воениот аеродром Менг, јавуваат набљудувачите.

Во Дамаск, државната новинска агенција САНА изјави, војниците постапувајќи по искази на локалните жители пронашле масовна гробница во која пронашле 25 тела со врзани очи и раце. Тие биле киднапирани и убиени од страна на бунтовниците.

Опозицискиот Сириски Национален Совет предупреди во петокот дека смртоносниот конфликт што избувна во март 2011 година дојде до “највисока точка”, кој може да предизвика повисоко ниво на екстремизам во соседните држави.

Конфликтот може да доведе до “катастрофална ситуација, со повеќе екстремизам и да наштети на соседните земји”, им изјави лидерот на СНЦ Абдел Басет Сајда на новинарите во Рим.

Според истражувањето, најмалку 29.000 луѓе биле убиени, откако револтот против владеењето на претседателот Башар ал-Асад ескалира.

Но, како што насилството беснееше со несмалено темпо,врвот на НАТО соопшти во Брисел дека Алијансата не верува дека воената интервенција ќе донесе некое подобрување на безбедносната ситуација во Сирија.

“Не може да се реши со војска”.

Манфред Ланг Началник на Генералштабот на сојузничките сили во Европа, изјави дека “политичкиот процес треба да се турка напред, санкциите треба да донесат ефект. Во моментов, оваа ситуација не може да се реши од страна на армијата на разумен начин.”

Исто така во петокот, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, разговараше со неговиот Арапски колега Набил ал-Араби пред Генералното собрание на ОН следната недела, кога се очекува да доминираат говори на светските лидери за Сирија.

“Тие разговараа во целост за ситуацијата во Сирија, за политичкиот ќор-сокак, широко распространетото кршење на човековите права, како и зголемената хуманитарна криза”, рече портпаролот на ОН Мартин Несирки за разговорите.

Франција се уште се разговара со сојузниците дали да се обиде да формира зона на забранети летови во Сирија за да им помогне на бунтовниците кои се под притисок од режимските сили, рече француски официјален претставник.

“Ние работиме – но не само ние, во многу земји се работи – за прашањето на зоната на забранети летови, но во моментов е јасно дека тоа е многу тешко да се направи поради неколку причини”, рече официјален претставник, кој побара да остане анонимен, за време на посетата на Вашингтон.

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден, пак, го притиска ирачкиот премиер Нури ал-Малики во телефонски разговор, да ги спречи испораките на оружје за Сирија преку ирачкиот воздушен простор, соопшти Белата куќа.

“Заменик претседателот и премиерот разговараа по прашањата за регионалната безбедност, вклучувајќи ја и потребата од превенција од искористување на територијата или воздушниот простор на Ирак за испраќање оружје на Сирија”, рече тој.

Ирак во петокот не дозволи северно-корејски авион да премине преку нејзиниот воздушен простор на пат кон Сирија поради сомневањата дека носел оружје и советници.

Едно момче стои во кратер од експлозија на проектил истрелан од еден сириски борбен авион лојален на Сирискиот претседател Башар ал-Асад во Мара во близина на Алепо.

Членови на Сириската армија на Слободата , седат на вооружен камион приклучувајќи се на демонстрантите кои протестираат против Сирискиот претседател Башар ал-Асад по петочната молитва во Мара, во близина на Алепо.

Демонстрантите носат бело знаме на кое пишува, “Не постои Бог, но Аллах и Мухамед сее пророци”, за време на протестите против Сирискиот претседател Башар ал-Асад по петочната молитва во Мара, во близина на Алепо.

Борец на слободната Сириска армија држи шрапнел во раката додека неговиот другар ја објаснува ситуацијата во Ал Шеик Саид област во Алепо.

Еден активист фотографира оштетено училиште откако еден сириски борбен авион лојален на Сирискиот претседател Башар ал-Асад истрела проектил во Мара во близина на Алепо.

Борци на Слободната Сириска армија го подготвуваат својот пушкомитралез во Ал Еза на линијата на фронтот во Алепо.

Цивилите вршат увид на оштетената зграда додека тешката машинерија работи на местото погодено во воздушен напад во ал-Калеш во соседство на Алепо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети