Алде ја напушти владејачката коалиција на Романија

Од:

Романската владејачка Социјалдемократска партија го загуби малото парламентарно мнозинство откако еден од нејзините сојузници, либералната партија Алде излезе од Владата.

Алде одлучи да излезе од Владата два дена откако нејзиниот лидер Калин Попеску Таричеану не доби поддршка да стане нејзин провладин кандидат на претседателските избори закажани за ноември, и откако Социјалдемократската партија ја номинираше својата лидерка, актуелната премиерка Виорика Данчила.

Овој чекор на партијата, една година пред парламентарните избори, би можел да доведе до предвремени избори, меѓутоа аналитичарите сметаат дека дел од опозицијата сака да се почека редовниот термин.

Таричеану изјави дека СДС лошо се снајде во владата и оти пропуштија да преземат неопходни чекори за реконструкција на кабинетот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет