Албански бизнисмен вмешан во коруптивен милионски тендер на Владата во Зимбабве

Од:

Албански бизнисмен е вмешан во корупцискиот скандал, што ја тресе Владата во Зимбабве, за набавка на медицинска опрема и средства за справување со пандемијата со Ковид19.

Станува збор за Клодијан Мертири, кој користел лажен идентитет Илир Дедја,а бил вмешан во корупциската афера на два тендера во вредност од 60 милиони долари, за што беше уапсен и тамошниот министер за здравсtво.

По Мертири, веќе е распишата меѓународна потерница.

Во Зимбабавме се претставувал под лажниот идентитет, Илр Дедја, бил акционер во компанијата „Дракс сагл“ која била во сопственост на африканецот Далиш Нгујава, претходно осудуван за перење пари.Тендерите ги добивал порди поврзаноста со синот на претседателот на Зимбабве, јавуваат албанските медуми.

Мартири, ја поседувал и компанијата „Дракс нтернационал“ со седиште во Швајцарија и во Дубаи, влегол во договор со компанијата Нетарфарм во Зимбабве, откако го добил тендерот од 60 милиони американски долари медицинска опрема и средства во борбата против Ковид19, но по цена до десетпати поголема од онаа на пазарот.

Од оваа „зделка“ од Зимбабве добил два милона долари ,кои ги трансферирал од Дубаи на островот Маурициус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото