Албанец „турист“ од Германија фатен во Италија со кокаин вреден милион евра

Од:

Албански државјанин со живеалиште во Германија е приведен од италијанските власти откако при контрола на неговото возило биле пронајдени 10 килограми чист кокаин вреден над милион евра.

Дрогата била пакувана во 9 пакетчиња и скриена на две специјално изработени места во неговото возило.

Албанецот бил запрен од финансиската полиција во Верона. Тој им рекол дека патува на годишен одмор, но со себе не носел багаж што дополнително со нервозата што ја покажувал, биле причина за детална контрола на возилото.

Италијанската полиција вчера разби албанска нарко група, која шверцувала кокаин од Холандија во Италија. Во акцијата беа уапсени најмалку 17 лица и запленети околу 200 килограми кокаин и оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале