Алабама усвои речиси целосна забрана на абортусот

Од:

Сенатот на американската сојузна држава Алабама усвои речиси целосна забрана на абортусот, односно забрана на абортус во која било фаза од бременоста.

За забраната гласаа 25 сенатори, а само шест биле против.

Врз основа на новиот закон, абортусот се третира како тешко кривично дело за кое е предвидена казна до 99 години затвор или дури и доживотен затвор за оној што ќе го одобри или изврши.

Законот за одбрана на човечки живот, ХБ 314, го вбројува абортусот во категорија на прекршоци од прв степен, а обидот за абортус во категоријата прекршоци од трет степен. Единствен исклучок се случаи во кои „абортусот е неопходен за да се спречи сериозен ризик за здравјето на мајката на нероденото дете“.

Законот наиде на осуди во пошироката јавност, особено на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат