Ал Завахири ги повика муслиманите да нападнат цели на Запад

Од:

Лидерот на терористичката мрежа Ал Каида Ајман ал Завахри ги повика муслиманите да нападнат цели во САД, Европа, Израел и Русија, во говор по повод 18 години од терористичките напади во САД на 11 септември.

Во видео снимка што ја објави милитантна група, Ал Завахири ги критикуваше и „повратниците“ од џихад, обраќајќи им се на оние кои во затвор го смениле ставот за нападите на 11 септември и сега го сметаат за неприфатлив поради цивилните жртви.

– Ако сакате џихадот да се фокусира само на воени цели, американската армија е присутна во целиот свет, од исток до запад. Вашите држави се полни со американски бази, и со сите тие неверници и корупцијата што ја шират, вели Ал Завахри на снимката.

Ал Завахри е Египќанец кој стана лидер на Ал Каида после убиството на Осама бин Ладен во 2011 година. Се претпоставува дека се крие некаде во пограничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан, а според извештај на ОН тој е во лоша здравствена состојба, но не се наведуваат други детали.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија