Ал-Каеда со списание за жени: Како да го задоволите вашиот војник?

Од:

Поздрави го сопругот со насмевка кога ќе се врати и испрати го со насмевка кога излегува. Ова го советува новиот магазин наменет за жени на Блискиот Исток. Во магазинот жените се советуваат да не се мешаат во работата на мажите и да не се расправаат со нив.

– Може ли да замислите колку крвопролевање и коски гледа сопругот секој ден? Вашето додевање само му го зголемува притисокот, пишува во магазинот наречен Беитуки (Вашиот дом) кој започна да излегува во декември.

Списанието е во издаваштво на Ал-Каеда и претставува одговор на другите џихадистички групи кои им даваат повеќе слобода и права на жените. Магазинот на Ал-Каеда ги советува жените да останат дома и да бидат добри невести. Авторите пишуваат дека жените треба да го направат домот рај на земјата.

– Подгответе ја храната која вашиот сопруг ја сака, подгответе го креветот и потоа правете се што ќе сака, пишува во магазинот.

Ова списание е одговор на Исламска Држава, кои ги повикуваа жените да се приклучат на бојното поле. Тие ги тренираа џихадистките да користат оружје и им даваа значајна улога во ширењето на онлајн пропагандата. Пред ИД да го загуби Мосул, бранови на жени самоубијки се фрлаа на ирачките сили.

– Ал-Каеда се плаши дека конфликтот ќе го крене гласот на жените, дека тие ќе станат активни, вели Елизабет Кендал од Универзитетот Оксфорд и додава дека тие преферираат жените да останат дома.

Беитуки е полн со совети за привлекување на вниманието на мажот.

– Крадењето е легално. Кога се краде срцето на мажот, се вели во списанието и се додава дека жените треба да флертуваат како пеперутки.

За разлика од списанијата за жени од Талибанците, Беитуки нема жени кои носат оружје. Во овој магазин се прикажуваат совети за уредување на домот и љубовни писма од жени до нивните мажи во џихад.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски