Ал Каеда повикува да се убиваат Американци

Од:

Терористичката група „Ал Каеда“ од Јемен ги повика сите муслимани да протестираат и да убијат што е можно повеќе американски дипломати во муслиманските земји, бидејќи во филмот „Невиноста на муслиманите“ се исмејува Мухамед, а тие тоа го сметаат како продолжување на Крстоносните војни против исламот.

„Кој и да има прилика да сретне амбасадор на САД или делегат, треба да го следи примерот на Омар ал Муктар кој уби еден од нив“, се вели во соопштението на Ал Каеда, според „Ројтерс“.

Според оваа организација, убивањето на амбасадорите е чекор кон ослободување на муслиманските земји од „Американската хегемонија“.
Одбраната на честа на Мухамед е обврска на секој муслиман, се вели во соопштението, а муслиманите кои живеат на Запад, имаат посебна обврска да бидат вклучени во нападите врз клучните цели, бидејќи тие имаат шанса да нанесат поглема штета.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети