„Ал Џезира“ објавува пост на руски новинар кој ја окарактеризира како „тероризам“ руската блокада на Мариупол

Од:

Познатиот руски новинар и поранешен политичар, Александар Невзоров, како „тероризам“ ги окарактеризира случувањата и опсадата на украинскиот град Мариупол.

„Не можам повеќе да молчам. Она што се случува во Мариупол е тероризам“, објави Невзоров преку платформата „Телеграм“ што ја објавува телевизијата „Ал Џезира“.

Руските медиуми објавуваат дека руските сили ја „ослободуваат“ Украина од ултранационалистите и неонацистите, додека припадници на баталјонот Азов ги држат во заложништво граѓаните и цивилното население во Мариупол.

„Дали е ослободување кога убиваме стотици цивили за да се ликвидираме десеттина војници“, пишува Невзоров забележувајќи дека после објавувањето на неговата порака најверојатно ќе мора да ја напушти Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ