Активисти за заштита на животната средина го блокираа Лондон, полицијата апси

Од:

Активисти за заштита на животната средина денеска блокираа дел од лондонската обиколница М25 и на тој начин предизвикаа колапс во сообраќајот во главниот град на Велика Британија, што е нивни втор протест оваа недела.

Групата, која се нарекува себеси „Заштити ја Британија“, бара британската Влада да се обврзе да помогне во „заштита на 29 милиони домови“, додавајќи дека 80 нивни активисти блокирале бројни крстосници, од кои некои се најпрометни, како и одредени патишта.

Полицијата, која беше критикувана поради својот одговор на протестите, соопшти дека уапсила неколку лица и ги растерала демонстрантите.

Групата „Заштити ја Британија“ во соопштението додаде дека ќе продолжи со протестите се додека Владата не реагира соодветно.

– Во меѓувреме, тие можат да не апсат, да не затворат, знаеме кои сме и што треба да правиме, се наведува во соопштението.

Десетици демонстранти беа уапсени во понеделникот, кога активисти организираа сличен протест на различни локации во градот, што доведе до повеќечасовна блокада и предизвика гнев кај возачите.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он