Активисти се судрија со полицијата за време на младински самит за климата во Милано

Од:

Активисти за заштита на животната средина денеска се судрија со полицијата во Милано на маргините на младинскиот самит за климата, јави ДПА.

Делегатите на самитот „Youth4Climate“ разговараа со политичари за климатската криза, вклучувајќи ги италијанскиот премиер Марио Драги и италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Во меѓувреме, десетици активисти одржаа демонстрации пред конференцискиот центар. На снимката од протестот се гледа како демонстрантите се судираат со полицијата, која употреби палки против толпата.

Други активисти го блокираа сообраќајот така што лежеа на улица се додека не беа отстранети од полициските службеници.

Некои од демонстрантите накратко влегоа во конференцискиот центар за да протестираат пред говорот на Драги.

Настанот, организиран заеднички од италијанската и британската влада, е подготовка за конференцијата за климатски промени COP26, што треба да се одржи во Глазгов подоцна годинава, додава ДПА.

Драги повтори дека светот мора да покаже поголема посветеност во борбата против климатските промени.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски