Активисти на „Солидарност за Таксим“ одбија да се сретнат со Ердоган

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска требаше да оствари средба со организаторите на протестите против реконструкцијата на плоштадот Таксим и уништувањето на паркот Гези во Истанбул.

Во знак на протест поради полициското насилство за време на протестите, организаторите на собирите Хајко Багдат и Хилал Атаџ ја одбија средбата.

Хајко Багдат е познат новинар и член на еколошкото движење „Солидарност за Таксим“.

– Ниту едно од нашите барања кои ги поставивме уште пред 10 дена не е исполнето од страна на Владата. Поради тоа нема никаква смисла од планираната средба со премиерот и одбивам да учествувам, изјави Багдат.

Шефот на турското претставништво на меѓународната еколошка организација „Гринпис“,

Хилал Атаџ, исто така, го откажа своето учество на средбата.

– Во оваа состојба на насилство, не сметам дека би можело да има разумен и конструктивен дијалог. Затоа ја одбив поканата за учество. Во мирна и демократска ситуација, секако сме подготвени на секаков разговор, истакна Атаџ во писмено соопштение.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски