Ако Европејците би избирале претседател на САД, за Трамп би гласале само 17 проценти

Од:

Ако на престојните претседателски избори во САД одлучуваат граѓаните на Европска Унија, актуелниот претседател Доналд Трамп би добил само 17 отсто од гласовите, се наведува во истражувањето на германската Фондација Бертлесман.

Само 17 проценти од испитаницитре одговорија дека би гласале за Трамп, а 45 отсто за кандидатот на демократите, Џо Бајден, покажуваатрезултатите од истражувањето на германската Фондација.

Но, дури 38 проценти од испитаниците во ЕУ не би гласале за ниту еден кандидат.

Истажувањет покажува дека Трамп единствено би победил во Полска, каде има поддршка 38 отсто од испитаниците. Трамп најмала поддршка има во Германија (10 проценти).

Повеќе од 50 отсто од граѓаните на ЕУ изразиле критички став за американската демократија.

Мала е довербата на граѓаните на ЕУ во американската демократија, дури 52 проценти од испитаниците одговориле дека не функционира демократскиот систем во САД. Во Германија 61 отсто од испитаниците изјавиле дека американската демократија е нефункционална.

– Четирите години власт на Доналд Трамп оставија трага.граѓанитена ЕУ ја препознаваат важноста на евроатлантските односи, но се трезвени кога станува збор за тоа што е важно за овие односи, изјави една од авторките на истражувањето Изабел Хофман.

Во анкетата испитани се 14.000 луѓе од ЕУ, воглавно од Германија, Полска, Италија, Шпанија,Франција,Белгија и Холандија.

Фондацијата Бертелсман се занимава со политички и социјални теми и редовно објавува студии кои наидуваат на силен медиумски одек во Германија.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска