Акар: Турција и САД да ги надминат несогласувањата за авионите Ф-35

Од:

Турција очекува дека ќе бидат надминати несогласувањата со САД за борбените авиони Ф-35, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Тој додаде дека Анкара „останува во центарот на НАТО“ и покрај критиките на сојузниците поради нејзиниот упад во Сирија.

Пентагон во јули ја исклучи Турција од својата програма за развој на авионите Ф-35 бидејќи Анкара одби да го стопира купувањето на рускиот ракетен систем С-400.

Акар изрази надеж дека ќе бидат привремени американските санкции, воведени поради турската офанзива врз курдските Единици за заштита на народот во североисточна Сирија.

Турција покрена офанзива во североисточниот дел на Сирија на 9 октомври со цел да ги потисне курдските борци од својата граница по повлекувањето на американските војници од таа област.

Русија и Турција вчера постигнаа договор за поделба на контролата над северната граница на Сирија и за извршување на заеднички патроли.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски