АИ: Рускиот воздушен напад врз театарот во Мариупол е воено злосторство

Од:

Амнести интернешенал (АИ) заклучи дека рускиот воздушен напад во март, врз театарот во украинскиот град Мариупол, е воено злосторство.

Организацијата за човекови права три месеца собираше докази за злосторството и своите наводи ги претстави во извештајот што денеска е објавен.

Доказите вклучуваат 52 изјави на сведоци, од кои 28 биле дадени од луѓе кои биле во или во близина на театарот во моментот на нападот.

-По неколку месеци ригорозна истрага, анализа на сателитски снимки и интервјуа со десетици сведоци, заклучивме дека нападот е јасно воено злосторство извршено од руските сили, кажа Агнес Каламар, генерална секретарка на Амнести интернешенал.

Организацијата заклучи дека е речиси сигурно дека руските воени авиони на 16 март фрлиле две бомби од 500 килограми врз зградата на театарот, што во тој момент бил преполн со цивили.

АИ откри дека во воздушниот напад загинале најмалку 12 лица, а многу се посериозно повредени.

Бројот на загинати, цитиран од Амнести, е помал од претходните проценки, бидејќи, наводно, голем број луѓе го напуштиле театарот деновите пред нападот.

Повеќето од оние што останале се засолниле во подрумот на театарот или во други делови од зградата каде што успеале да ја избегнат целосната сила на експлозијата, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ