АИ: Борците на Тиграj од Етиопија силувале, ограбувале и тепале жени

Од:

Бунтовниците, борци на Народоослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) силувале, ограбувале и напаѓале жени откако во август зазедоа град во северниот дел на Етиопија, во регионот Амхара, открија иследниците на Амнести интернешнал.

Шеснаесет жени од Нифас Мевча изјавија за Амнести дека биле силувани од борци од ТПЛФ, група која војуваше со централната влада изминатава година, пренесува ДПА.

Сите страни во конфликтот се обвинети за злосторства.

ОН минатата недела соопштија дека прекршувањата – вклучително тортура, масовни убиства, групни силувања и користење глад како воено оружје – може да се третираат како воени злосторства.

Извештајот на Амнести, објавен денеска, ги содржи искуствата на 16 жени кои рекоа дека биле силувани од силите на ТПЛФ откако борците влегле во Амхара, која се граничи со регионот Тигра, во август.

Четиринаесет од 16-те интервјуирани од Амнести рекоа дека биле жртви на групно силување.

– Не е лесно да ви кажам што ми направија. Ме силуваа. Тројца од нив ме силуваа додека моите деца плачеа. Мојот постар син има 10, а другиот 9 години, тие плачеа кога (борците на ТПЛФ) ме силуваа, изјави за АИ Гебејанеш, 30-годишна продавачка на храна.

– (Борците) направија што сакаа и си заминаа… Ме удираа и ме клоцаа. Ги репетираа пушките како да ќе ме застрелаат.

Во слични случаи, борците на ТРЛФ им кажале на своите жртви дека се казнети за силувањата извршени од федералните сили врз жените во Тиграј.

ТРЛФ и владините сили се борат од ноември 2020 година, конфликт што однесе илјадници животи и доведе до страшна хуманитарна ситуација во областите на северна Етиопија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он